• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Ивановски: За СДСМ Тодор Александров е непријател на Македонија

by А1он16/07/2012 - 14:16245
Share0

„Сакаме да реагираме на јавното признание на премиерот, дека споменикот на таканаречениот “војвода на коњ“ во Кисела Вода е всушност Тодор Александров.

Добивај вести на вибер

Сметаме дека е дрско, Груевски, паралелно со обидот на пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го омаловажат ликот и делото на првиот Претседател Глигоров, да го продолжува својот проект за редефинирање на непобитните историски факти“.

Вака на прес конференција реагираше Игор Ивановски од СДСМ според кого партијата никогаш нема да прифати „да се спроведуваат проекти кои величаат негативни ликови како Тодор Александров“.

„За СДСМ, Тодор Александров никогаш не може да биде ништо друго освен непријател на македонската нација и на нашата борба за самобитност и независност.

Сепак, сакаме да констатираме еден друг аспект на ова јавно признание на премиерот Груевски.

Пропаѓа неговиот обид да се огради од политиките на ВМРО ДПМНЕ во времето на неговиот поранешен ментор Љубчо Георгиевски“, рече Ивановски.

Според него, Никола Груевски како министер во Владата на Љубчо Георгиевски ги подржувал, учествувал и ги реализирал проектите како оној за поделба на Македонија и размена на територии, редефинирањето на македонската историја и многу други погрешни политики.

„Во последно време зачестија провидните обидите на владините мегафони да ги спојат погрешните политики на Љубчо Георгиевски од минатото со неговото учество во широкиот Опозициски фронт.

Во оваа прилика сакаме јасно да порачаме, секоја политичка партија во опозицискиот фронт го зачувува сопствениот идентитет и правото на сопствена платформа.

Но, СДСМ е стожер на опозициската соработка. Со оглед на тоа, ние сме гарантот дека во заедничката опозициска платформа за соработка нема да бидат вклучени, а уште помалку реализирани поедините ставови на било кој учесник во фронтот, кои не се совпаѓаат со нашите генерални позиции.

Затоа, го повикуваме Никола Груевски наместо да се обидува со ефтини трикови да импутира политики кои во Опозицискиот фронт не постојат, да престане истите политики да ги спроведува во пракса.

На сите им е јасно дека Никола Груевски и ова ВМРО ДПМНЕ и никој друг, го поставија споменикот на Тодор Александров и восочната фигура на Ванчо Михајлов“, рече Ивановски.

 

sdsm

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 11:58

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 20:27

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски26/01/2026 - 12:3026/01/2026 - 13:10

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:53

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:0526/01/2026 - 10:26

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски26/01/2026 - 08:4926/01/2026 - 09:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен