Ивановски во Њујорк побара поевтин роаминг во ЕУ за Македонците

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски учествуваше на Осмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој кој вчера се одржа во Њујорк.

МИОА соопшти дека Ивановски во своето обраќање ја отворил и темата за високите цени на роаминг-услугите кои ги плаќаат македонските граѓани и апелирал до потпретседателот на Европската комисија Нели Крос, која исто така учествуваше на состанокот во Њујорк, да ја поддржи иницијативата што Македонија ја започна со Србија и Црна Гора.

Тој побарал и побрзо да се направат неопходните измени на регулативата во Брисел за да можат граѓаните на Република Македонија да плаќаат исти услуги како и граѓаните на земјите-членки на ЕУ.

Покрај повеќето билатерални средби, министерот Ивановски потпишал Меморандум за разбирање во областа на информатичката технологија за земјоделски услуги, со потпретседателот на корпорацијата Интел, Џон Дејвис.

– Ова ќе овозможи руралните микропретприемачи да им нудат услуги за земјоделците во руралните заедници со користење на компјутерски уреди. Тоа ќе обезбеди три клучни придобивки за земјоделците – намалување на трошоците преку поефективна употреба на ѓубрива, намалување на влијанието на хемикалиите врз животната средина и подобрување на приносите и обезбедување на поголем приход, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

Би можело да ве интересира

„Блумберг“: Германската влада е во криза

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски