(ВИДЕО) Ивановски: Власта е фатена во лага за субвенциите

Од:

„Се урна лажниот мит за земјоделската влада. Има сериозни проблеми и лага во начинот на делење на субвенциите и земјоделското земјиште. Пресовите на Димовски и Коњановски се очаен и паничен обид фатените во лага да се правдаат“, рече на средба со новинарите Игор Ивановски.

Повторно праша колку пари се исплатени за субвенции за 2011, 115 милиони евра, колку што изјавил премиерот Груевски, 93 милиони колку што покажа Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството или пак 64,6 милиони евра според завршната сметка на Буџетот.

И сумата со која се пофалил Груевски за вкупно издвоени 500 милиони евра од 2006-та за субвенции, рече Ивановски не е точна. Вистинската сума, според официјалните податоци на надлежните е 246,3 милиони евра.

За СДСМ, рече субвенциите се државна а не партиска мерка, владата на СДСМ че ги продолжи и зголеми, субвенциите нема да завршуваат кај тие што немаат ништо со земјоделството, и рече, идната влада ќе ги преиспита злоупотребите во субвенциите и земјоделското земјиште.

Опозицијата ги повикува надлеќните да ги проверат сите докази кои ги изнесоа на надзорната расправа. Кога ќе продолжи надзорната, че се договара следната недела.

СДСМ паралелно ги подготвува и материјалите за другите надзорни расправи за злопотреби на државните органи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски