Ивановски: Предлозите на СДСМ за реформи на адмиснистрацијата се плагијат

Од:

„Нема ништо ново во пакетот предлози за реформа на администрацијата што денеска ги достави до Владата потпретседателката на СДСМ Ана Павлова Данева, но добро е што оваа партија ги поддржува напорите на Владата за тие реформи. Најголем дел од предлозите се плагијат на методологијата за компетенции“, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

„Ние направивме Стратегија за реформа на јавната администрација, со акциски план, како и методологија базирана на компетенции која првпат се воведува во Македонија. Токму најголем дел од предлозите што доаѓаат од СДСМ се плагијат од оваа компетенција каде само ги менуваат називите на посебните проекти, а ние со ангажирање консултанти од националната школа за јавна администрација од Велика Британија направивме студија која траеше девет месеци“, рече Ивановски.

„Променети се и тестовите за вработување во администрацијата и секој добива различни тестови. Ќе продолжиме со реформата на администрацијата“, изјави министерот Ивановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски