Ивановски: Наместо за турски, ќе даваме пари за македонски серии

Од:

Законот за медиуми, кој набргу треба да се најде на јавна расправа, треба да обезбеди слобода на изразување и слобода на медиумите, како и развој на медуумскиот плурализам, право на информирање и пристап до разновидни и независи информации како основни начела на демократското општество, вели министерот за информатичко општетство и администрација, Иво Ивановски во интервју за „Прес 24“.

Неодамна, тој изјави дека овој закон ќе ги ограничи сериите од немакедонско говорно подрачје, со цел да се стимулира домашната продукција. А, за две години дури 50 отсто од телевизиската програма ќе мора да биде од домашно производство. Ивановски смета дека домашните продукции ќе имаат капацитет да го остварат тоа.

– Со финансиските средства што се издвојуваат за странските серии, кога ќе се земат предвид големиот број со кој што се присутни, сигурен сум дека ќе може да се направат повеќе квалитетни серии со што телевизиите ќе можат да го привлечат вниманието на нивните гледачи. Ако сме докажале во филмската продукција дека Македонија има капацитет да направи филмови со светски стандарди со македонски актери, ќе можеме да го потврдиме и истото за домашни серии – вели Ивановски во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество