Ивановски: Најголемата предизборна лага се 8-те милјарди евра инвестиции на Груевски

Од:

СДСМ на прес конференција изјави дека 8-те милијарди евра инвестиции најавени од Груевски во 2009 година, се најголемата преизборна лага во Македонија.

Груевски, потсети Игор Ивановски, вети инвестиции во над 30 проекти од енергетика во вкупна вредност од 3,85 милијарди евра, а нема ниту еден електро-енергетски објект изградено.

Владата, рече, вети инвестиции во инфраструктура од 3,8 милијарди евра. Досега требаше да бидат изградени стотици килметри автопат, подземни сообраќајници, обиколница околу Охрид, патот до ски-центарот Кожув и многу други проекти од инфраструктурата. Четири години подоцна, во Македонија, рече Ивановски, актуелната власт инвестираше само 7 километри автопат и ништо повеќе.

Бројот на изградени социјални станови, рече е четири пати помал од ветениот, социјалната помош конитунуирано се укинува, а за хорор студентските домови најдобро знаат студентите.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија