Ивановски на средба во Мајкрософт за подобрување на образовните процеси

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска учествуваше на информативна средба во компанијата Мајкрософт во Скопје, на која беа презентирани неколку образовни иновативни проекти и платформи.

– Станува збор за тригодишна успешна соработка со Мајкрософт, кој се докажа како сериозен партнер и двигател на промени со веќе светски признати иновативни практики. Целта на средбата беше да се предложат современи модели применливи во образовните процеси во училиштата, со конкретни предлози како да се прошири нивната употреба и применливост во наставата ширум земјата, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

На сесијата беше претставено OneNote решението, како единствен и лесен начин да се развијат и организираат наставните активности, како и бесплатната и отворена платформа Office365, модел што е корисен за македонското образование со можности за заштеда. Покрај ова, наставници и професори од основни и средни училишта во Република Македонија ги презентираа и проектите со кои преку образовни видеа и други содржини се олеснува процесот на наобразба на учениците, со апел истите да добијат институционална поддршка.

Како што појасни менаџерот на академските програми на Мајкрософт за Македонија и Косово, Влора Адеми, целта на проектните активности е унапредување на квалитетот на образованието, способностите и вештините на 21 век, и ефикасното користење на информатичко-комуникациските технологии, како основа за развој на конкурентно информатичко општество.
Ивановски напомена дека министерствата за информатичко општество и администрација и за образование и наука настојуваат да преземат конкретни чекори почнувајќи од законски измени, како и заеднички активности со цел подобрување и унапредување на образовните процеси во ИКТ сферата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски