(ВИДЕО) Ивановски: Колку пари зеде Бранко Ѓорчев за да рецитира вмровски памфлети?

Од:

Додека трае досега невидената атмосфера во Законодавно-правната комисија, во Комисијата за финасирање и буџет продолжува амандманската расправа за буџетот, но без претставници на владата.

„Народот не е на страна на власта, веќе прекрдашивте. Ставревски не е за плати и за пензии туку за блиндирани мерцедеси, патувања на луксузни и егзоточни дестинации, мостови и врби“, рече Игор Ивановски.

„За Ставревски кој се пофали дека прифатил 44 амандмани од опозицијата е поважно 4 и пол милиони евра да и даде на уметничката Валентина Стефановска“, изјави Ивановски.

Тој укажа на сиромаштијата во земјата, дека „народот купува месо на грамови, нема пари за леб и праша колку пари му даода на Бранко Ѓорчев да рецитира вмровски памфлети“.

Според Ивановски, Трајко Велјановски спроведува сценарио за уривање на Собранието кое рече е куќа на сите македонски граѓани.

„Затоа им треба полиција., за да ја опколат Благородна Дулиќ која не знае колку тендери има добиено. И борците ги исфрлија на улица. Патат и неродените деца, каде е крајот на ова лудило“, праша Ивановски.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

(ВИДЕО) Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра

Горан Наумовски