А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ивановски: Ќе нема скриени предмети во фиоките на администрацијата

by А1он07/07/2014 - 12:11122
Share0

Забрзана постапка при доделување документи за граѓаните од државните институции, без заборавени предмети, со електронско мониторирање на движењето на документите. Тоа треба да го овозможи денеска презентираниот надграден Систем за електронско управување со документи во државните институции.

Следете a1on на Instagram Instagram

Министерството за информатичко општество и администрација, како носител на проектот, набави 23 нови скенери, со брзина на скенирање од 60 листа во минута, за потребите на 14 институции. Скенерите се набавени од фирмата Импегна, а цената на набавка изнесува милион и 520 илјади денари, постигната по одржана електронска негативна аукција.

– Овој проект е особено значаен затоа што ќе се води автоматски процес на севкупниот начин на работење во институциите. Продолжуваме да го надградуваме овој систем, кој е еден од значајните за воведување ефикасна и услужно ориентирана администрација. Со него ќе нема повеќе скриени предмети во фиоките на вработените во администрацијата. Секој предмет што влегува во администрацијата ќе биде скениран, а потоа одговорните лица ќе можат да следат каде е заглавен предметот односно кој вработен го обработува според барањето на граѓаните, рече на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Целта на овој проект, појасни, е водење електронска архива во институциите, како и електронска размена на документите, преку предефинирани процеси кои го определуваат текот на документот, вклучително и лицата одговорни за изработка и одобрување на документите. Ќе се обезбеди, нагласи Ивановски, брз проток на документите и информациите низ деловниот систем и ќе се унапреди поединечното и севкупно функционирање на институциите преку стандардизација на работните процеси.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од 1 јануари годинава во системот се креирани вкупно 17.315 документи, а низ архивскиот модул поминале 139.080 документи.

МИОА, како што најави Ивановски, продолжува со акцискиот план за спроведување на системот во уште 10 институции. Вкупно ќе бидат опфатени 20 институции, сите министерства, секретаријатите и генералнииот секретаријат на Владата. Досега се завршени 50 процеси, а уште 35 се во финална фаза.

vlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео