(ВИДЕО) Ивановски: Груевски по секоја цена сака меѓуетничките односи да станат доминантна тема

Од:

СДСМ денеска ги осуди насилствата што се случија изминатите денови и повика на смиреност.

„Сметаме дека денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ е неодговорна, срамна, крајно лицемерна и штетна за државата. Партијата за чие дејствување и владеење во сите изминати години заштитен знак се меѓуетничките недоразбирања, судири и тензии, и денес се обиде одговорноста да ја наметне во опозицијата.

– Навистина не ни е јасно зошто Груевски по секоја цена сака меѓуетничките односи да станат доминантна тема во кампањата за локалните избори. Наместо смирување на страстите, денес режимот долева масло на оганот. Ваквото безобзирно однесување е директно потценување на граѓаните.

– Зарем некој во Македонија го заборави инцидентот на скопското Кале каде главни актери беа функционери на оваа владејачка коалиција?

– Ги заборави ли некој меѓуетничките тензии, протестите кои се случија лани после Вевчанскиот карневал, кога беа каменувани автобуси и сквернавени православни храмови? Од чии редови беа градоначалниците на Вевчани и Струга?

– Зарем јавноста не се сеќава на тепачките во автобуси, и хулиганските пресметки со меѓуетнички предзнак кои се случуваа на мостот на скопско Нерези?

– Кој ги подигна меѓуетничките тензии со режираниот хаос во Собранието за законот за бранители? И сосема логично, јавноста се уште го чека одговорот по кои критериуми за премиерот, Фатмир Бесими беше помалку прифатлив од Талат Џафери за министер за одбрана“, рече Игор Ивановски на денешната пресконференција.

Тој порача владеачката ВМРО-ДПМНЕ да не се обидува на каков било начин со нив да ја подели одговорноста за, како што рече, неодговорните политики, двојните аршини, коалициски пазари и кадровски комбинаторики.

„Груевски и ВМРО ДПМНЕ не можат да избегаат од сопствената одговорност за она што и се случува на Република Македонија. Затоа, му порачуваме на ВМРО ДПМНЕ да не се обидува на било каков начин со нас да ја подели одговорноста за нивните неодговорни политики, двојни аршини, коалициски пазари и кадровски комбинаторики.

– СДСМ најостро ги осудува инцидентите и повикува на смиреност. Апелираме до сите политички партии да покажат зрелост и веднаш да престанат да ги злоупотребуваат меѓуетничките односи за дневно политички цели“, додаде Ивановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски