Ивановски: До крајот на мај се очекува да заврши јавната расправа за Законот за медиуми

Од:

Последната јавна расправа за Нацрт – работната верзија на Законот за медиуми и аудиовизуелни услуги ќе се одржи на крајот на мај, но, како што изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, доколку се јави потреба таа ќе биде продолжена.

– Последната јавна расправа е закажана за 31 мај, но може да се пролондира доколку има потреба од тоа, изјави Ивановски, кој денеска се сретна со претставници на Македонската асоцијација на новинарите (МАН), која до него достави забелешки за Нацрт-работната верзија на Законот за медиуми и аудиовизуелни услуги.

Изрази задоволство што МАН е учествува во дебатата и најави дека нивните забелешки ќе бидат ставени на електронскиот национален регистар за прописи ener.gov.mk. Ги повика уште еднаш сите граѓани, заинтересирани и организации да се регистрираат и да ги достават своите забелешки и критики на ЕНЕР за да може сите да имаат увид во нив.

– Ќе продолжиме со јавните расправи. Имаме изготвено акциски план за во текот на оваа и следната недела да се состанеме со повеќе целни групи, се со цел да се донесе еден добар закон, на транспарентен начин и сите оние издржани и објективни предлози, што ќе придонесат за поголем плурализам во медиумите ќе бидат опфатени и ќе бидат составен дел од нацрт-законот и потоа тој ќе биде испратен во владина процедура, изјави Ивановски.

Претставникот на МАН Марјан Николовски, изјави дека оваа асоцијација поддржува носење на закон за медиуми и смета дека тоа ќе го подобри медиумскиот простор во Македонија и ќе биде во корист на медиумите.

– Особено што со овој закон се регулираат статусот и правата на новинарите во Македонија. Бараме прецизирање во делот што значи слобода на изразување, односно сметаме дека доколку веќе се користи терминологијата ограничување на слобода на изразување тоа да биде единствено врз основа на тоа што е содржано во Уставот на Република Македонија, изјави Николовски.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски