Ивановски: 40 олеснителни мерки за малите претпријатија

Од:

„Четвртата фаза на регулаторната гилотина предвидува 40 мерки со кои ќе се поедностават процедурите и ќе им биде олеснета рабиотата на малите претпријатија.

Оваа фаза предвидува и мерки кои се во насока на тоа Централниот регистар да издава еден документ за сите потреби на претприемачите и мерки со кои ќе се овозможи спојување на градежни парцели во една со цел да може приватните градежни компании побрзо да градат.

Станува збор за поголема група мерки од кои дел се однесуваат на даночните олеснувања и на тарифните броеви, а со дел од нив ќе им се овозможи на претприемачите поедноставно да комуницираат со институциите. Поголем дел од мерките се со рок на реализација до октомври годинава, а дел од нив ќе треба да се спроведат до 31 јуни 2013 година.

Владата на Република Македонија неодамна го усвои Акцискиот план и по него ќе се следи реализацијата на мерките, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, чие Министерство е задолжено за реализацијата на оваа фаза од Регулаторната гилотина.

Пакетот од 40 мерки е избран од пристигнатите 109 предлози на компаниите.

 

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи