Ивановска за „Дипломатските пасоши“: Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењето велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам

Од:

Поранешната претседателка на Антикорупција Билјана Ивановска во име на сите членови на претходниот состав на ДКСК упати реакција на соопштението на ДКСК по повод „Дипломатските пасоши” и, како што напиша на Фејсбук, обврска на медиумите е да го следат работењето на институциите и на функционерите и за тоа навремено и целосно да ја известуваат јавноста.

Како поранешни членови, пишува Ивановска, немаме никакво влијание ниту врз работењето на Комисијата ниту врз работењето на медиумите. Извештаите за работењето на претходниот состав на ДЛСК, како и извештаите на Европската комисија и другите меѓународни организации и тела, посочува таа, го прикажуваат односно го оценуваат работењето на Комисијата во нашиот мандат.

– Тоа што немавме дипломатски пасоши и службени автомобили ниеднаш не не спречи навреме да стигнеме и активно да учествуваме на сите сесии од скринингот со ЕК во Брисел. Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењето велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам. По кој основ или критериум оваа наша навика што ја практикуваме и пред и по мандатот е оценета како популизам. Ова е навреда за сите совесни функционери кои се однесуваат домаќински со народните пари и за сите совесни граѓани кои почитуваат европски вредности и се грижат за животната средина, објави Ивановска на нејзиниот Фејсбук-профил.

Би можело да ве интересира

Ивановска за кривичната пријава за несовесно работење: Секогаш сме пред една голема лекција за демократија

А1он

По реакцијата на Ивановска, дадена и е можност исказот во Обвинителство да го даде по изборите

Билјана Ивановска, кандидат на „Независни заедно“ за Центар заработи кривична пријава

Поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска е кандидат за градоначалник на Центар од „Независни заедно“

Горан Наумовски

Ивановска очекува Комисијата за селекција да не дозволи притисоци при изборот на новиот состав на Антикорупциска

Ивановска: Неказнивоста и невладеење на правото во системот е причина за критичкиот извештај на ЕК