Иванова: Вељаноски нека свика веднаш седница со што ќе се разобличи лицемерието на ВМРО ДПМНЕ

Од:

Претседателот на Комисијата за туд и социјална политика  по  писменото барање кое го добила  од претседателот на Собранието, Трајко Вељановски вели дека  нема да закаже  нова седница на Комисијата  додека владините партнери не го одблокираат носењето на Законот за бранители.

„Затоа, претседателот на Собранието, не мора да чека до понеделник, туку веднаш нека ја свика Комисијата за труд и социјална политика и од тој момент нека ја превземе одговорноста и за расправата по Законот за бранители.Од тој момент до крај ќе се разобличи лицемерието на ВМРО ДПМНЕ“,изјави Иванова

Груба манипулација и дрска лага е, вели Иванова,  дека таа или нејзината  партија на каков било начин  го довеле под прашање покачувањето на пензиите и другите социјални трансфери, бидејќи и самите пензионери знаат дека тоа почнува да важи од март 2013.

„Ако власта навистина сака и има реална политичка волја, сто пати може да се донесе и законот за бранители и сите други закони од оваа сфера. Комисијата за труд и социјална политика е блокирана исклучиво заради договорениот политички хаос на владините коалициони партнери, кои за дневно политички потреби глумат патриотизам, притоа за нивната испазарена блокада наивно се обидуваат да ја префрлат топката да ја обвинат опозицијата.Владејачкото мнозинство е на страната на ВМРО ДПМНЕ, и тие ја имаат обврската и целосната одговорност за работата на Комисијата за труд и социјална политика“, вели Иванова.

Таа денеска писмено го известила  г-динот Трајко Вељановски дека немаат  намера да бидат  соучесници во неодговорното однесување на владините партнери.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он