Иванова: Сега власта има закон за корумпирање на новинарите и уредниците

Од:

Законот за аудиовизуелни медиумски услуги стана закон за задушување на македонските медиуми, рече Цветанка Иванова на денешната седница на собраниската законодавна-правна комисија.

– Тоа е закон за тотален мрак со кој државата, односно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе бидат медиуми. Тие си направија законска основа за корумпирање на медиумите со кој педесет проценти од програмата на медиумите со овој закон ќе биде плаќана од џебот на граѓаните, односно од буџетот. Накусо кажано, нека им е со среќа на новинарите. Сега власта има закон за корумпирање на новинарите и уредниците. И досега имало такви, но од сега, тоа ќе биде законски – изјави пратеничката на СДСМ, Цветанка Иванова.

Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу, рече дека со овој закон се легитимира цензурата и Албанците ќе бидат многу оштетени, а делата на овој народ, според законските одредби ќе бидат преименувани дека биле дела на Македонци.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми