Од СДСМ реагираат на огромните притисоци пред вториот изборен круг.
Жители – земјоделци на Иванковци бараат од нив спас од уцените и заканите дека ќе им ја одземат земјата и механизацијата доколку не гласаат за Чадиев. Директно велат, се уценети од одговорно лице од државна институција, кое директно работи на терен со земјоделците.
Истото, посочуваат се случува во ЈКП „Дервен“. Од вчера се пријавени нови случаи на притисоци и деградирање на вработените. Повикувани се човек по човек и сите претрпеле директни закани за работното место од нивните претпоставени.
„Речиси и да нема училиште во градот во кое директорот не се заканува на вработените. Тие мораат да ги убедуваат дури и родителите на своите деца. Повеќе од половината приватни лекари во градот се казнети по разни основи.Од терен до нас допираат информации дека наспроти бројот на гласови што директорите на јавните институции ги обезбедуваа во првиот круг, сега ќе мора да притиснат двојно поголем број луѓе и да покажат пред партиските шефови на ДПМНЕ дека и се верни на партијата.
– Ако носеле по 10, 15 сега ќе мора да најдат и до 50 гласови за да го оправдаат своето вработување и други лични и семејни интереси.Да не ги споменуваме подмитувањата со брашно, шеќер, плаќање рабуши по продавници и кеш пари на рака. Погазено е достоинството на најсиромашните, корисници на социјална помош кои за да го осигураат минималниот прилив на средства во домашниот буџет мора да гласаат по директива“, вели Панче Иванов.
Бараат од граѓаните да размислат колку вреди нивниот глас и достоинство.
„Па, ова ли е демократија мои велешани, ова ли се фер и демократски избори? Вака ли се градат нови дела, со две вреќи брашно и пет литри зејтин ?Зборуваат за дела, а освен црнила ништо друго не оставија зад себе“, вели Иванов.
Повика во недела, на 7-ми април масовно граѓаните да излезат на избирачките места и да го направат вистинскиот избор подржувајќи го Аце Коцевски и број 42!
