Иванов: Сребреница е опомена за севкупната човекова цивилизација

Од:

Сребреница е опомена за сите нас, но и за севкупната човекова цивилизација, на што се се подготвени оние што се полни со омраза и нетрпеливост, изјави претседателот Ѓорге Иванов, кој денеска присуствуваше комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница, Босна и Херцеговина.

Од меморијалниот центар „Поточари“ претседателот Иванов побара на Република Македонија и на земјите од регионот да им се овозможи европска перспектива, со цел мир и стабилност.

– Ова е можност за порака и до сите одговорни во Европската унија што значи кога на еден народ, на една држава, и ја ускратувате нејзината иднина. Неопходно е сите членки на унијата од нашиот регион да бидат солидарни и на сите ние што не сме дел од Европската унија да им ја овозможат европската перспектива, пред се за идните поколенија да живеат во мир и слога. Видовме омразата и нетрпеливоста до што води. Тоа е и пораката до секој од нас – да се праша што правиме ние за да се спречуваат вакви злостортва, кои веќе гледаме дека ги има и во други делови од светот, изјави претседателот Иванов.

Македонскиот претседател денеска присуствуваше на главната комеморација во меморијалниот центар во Поточари, каде што се обратија претседателот на Словенија Борут Пахор, поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, претседателот на организацискиот одбор „11 Јули 1995“ и градоначалник на Сребреница Ќамил Дураковиќ, како и други официјални претставници, а беше претставенa и изложбата „Сребреница – Поточари 1995 – 2015“.

Би можело да ве интересира

Влада: Геноцидот од Сребреница да остане траен потсетник на обврската за зачувување на мирот

Горан Наумовски

Шешељ: Во Сребреница се случи воен злостор, но тоа не беше геноцид

Вучиќ изрази сочувство до семејствата на жртви во Сребреница: Не можеме да го промениме минатото, но мора да ја промениме иднината

Кос: Сребреница е длабока лузна во европската историја

Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Горан Наумовски

Израелски историчар: Во Сребреница не е извршен геноцид

А1он