Иванов: На Водици, Бог да ни даде сила да истраеме пред искушенијата и надеж за подобро утре

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници.

-Славејќи го крштевањето на Господ Исус Христос, го прославуваме нашето духовно раѓање и ја потврдуваме нашата вера. Со осветувањето на водите и објавата на Божјиот лик се осветува човековото живеење во верата и богоугодниот пат. На овој голем ден треба да ги зацврстиме основите на нашето верување, да го зацврстиме нашето единство, да се почитуваме, да си помагаме, да продолжиме по патот на успехот и просперитетот на нашата татковина. И годинава на Водици, да се помолиме Бог да ни даде сила да истраеме пред искушенијата и надеж за подобро утре, се вели во писмото со честитки од претседателот Иванов.

Нека Бог ги чуе нашите молитви и во домовите на сите верници, како што порачува Иванов, нека владее хармонија, разбирање и љубов, бидејќи само сплотени и единствени ќе успееме да чекориме по божјиот пат.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје