Иванов на средби со жителите на Аеродром, Сопиште и Црниче

Од:

Кандидатот за претседател на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, денеска оствари средби со жителите на Аеродром и на Сопиште, додека во населбата Црниче присуствуваше на народниот собир по повод верскиот празник Балаклија – Источен Петок.

Пред жителите на населените места, Иванов потенцира дека изборите в недела се исклучително важни за натамошниот развој на државата и ги повика граѓаните масовно да излезат и да го дадат својот глас за тимот кој испорачува резултати и континуирано придонесува за економски успешна и просперитетна Македонија.

Повикувајќи ги граѓаните да гласаат за дела, а не за празни ветувања, претседателскиот кандидат Иванов истакна дека доколку повторно ја добие довербата и натаму силно ќе се залага и ќе ги брани интересите на државата и на сите граѓани.

За време на средбите беа поздравени новите предвидени проекти во изборната програма на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, со цел севкупно унапредување на животот на граѓаните на локално ниво.

Жителите на Сопиште истакнаа дека во последните години значително е инвестирано во инфраструктурата и во севкупниот развој на оваа општина, со што истата добива се помодерен и урбан изглед.

Во пресрет на престојното гласање, граѓаните му изразија поддршка на Иванов во вршење на претседателската функција.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември