Горд сум на Армијата на Република Македонија, која по својата професионалност, посветеност и постигнати резултати, постојано ги надминува нашите очекувања и очекувањата на нашите НАТО пријатели, партнери и сојузници. Верувам дека ќе дојде денот кога кон успешното учество во мировните мисии и бројните индивидуални одличја ќе се придодаде и колективното признание кое сме го заслужиле – полноправното членство на Република Македонија во НАТО. Стремеж што ги сплотува сите наши граѓани, независно од етничката, верската или која било друга припадност. Ќе продолжиме да ги споделуваме одговорностите со нашите сојузници, и покрај тоа што не ги чувствуваме придобивките од полноправното членство.
Ова го истакна претседателот и врховен командант на вооружените сили на Република Мзкедонија Ѓорге Иванов во своето обраќање на централната свеченост по повод роденденот на АРМ – 18 Август, што се одржа попладнево пред зградата на МО и ГШ на АРМ.
Тој подвлече дека нашата Армија е ценет и посакуван партнер на Алијансата, што цврсто ги брани споделените вредности – мирот, слободата и демократијата, за што, вели, сведочи доследното учество и бројните успешни ротации во мировните мисии: ИСАФ, ЕУЛЕКС и УНИФИЛ, вклученоста во воените вежби каде нејзнините припадници редовно се меѓу најистакнатите учесници, како и врвните признанија и одликувања за македонските мировници доделени од многу политички и воени лидери во светот.
Шефот на држвата подвелеч дека тајната на успехот на Армијата е посветеноста кон реформите кои се прават за интероперабилност со структурите кон кои се стремиме, а кои пред сè, вели, ги правиме за нас самите, за нашата безбедност и укажа на потребата од нивно продолжување, но и од вложувања во Армијата.
– Треба да сме свесни дека без континуирано вложување во Армијата, стекнатата реформска кондиција може лесно да се изгуби. Како што вооружените сили имаат уставна обврска да го штитат територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија, така и сите ние имаме обврска да им обезбедиме подобри услови на оние кои нè чуваат нас и нашите деца. Како врховен командант на вооружените сили, цврсто сум уверен дека институциите во РМ надлежни за обезбедување финансиски средства, треба да преземат одредени мерки за подобрување на животниот стандард на припадниците на нашата Армија, рече Иванов честитајќи им го 21. роденден, им честитам на сите припадници на Армијата на Република Македонија, на сите унапредени и новопоставени старешини, војници и цивилни лица на служба во Армијата на Република Македонија.
На свеченоста се обрати и министерот за одбрана Талат Џафери, кој се осврна на историјатот на АРМ како наследничка на баталјонот „Мирче Ацев“ од НОВ, но и на нејзината примарна мисија во заштитата и одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија. Со долгогогодишниот успешен придонес во градење на регионалниот и светски мир и безбедност преку учеството во меѓународните мисии АРМ придинесува и за ефективна промоција на националните интереси на државата.
– Армијата стрпливо ја градиме 21 година како вооружена сила на сите граѓани на РМ и како институција во која се пресликува мултиетничката и мултикултурната структура на општеството. Денес АРМ е професионална војска составена од добро подготвени мажи жени, целосно посветени на одбраната и безбедноста на РМ и промоцијата на нејзините интереси. Силите се пополнети на ниво од 90 проценти, од кои 27 отсто се припадници од немнозинските заедници. Додека учеството на жените достигнува околу 10 проценти. Воедно, денес Армијата е модерно организирана вооружена сила со значајно поголеми интероперативни капациети и способности, но и со зголемени потреби за современа воена опрема, рече Џафери.
Со свое учество од преку 3.200 воен персонал во меѓународните мисии за поддршка на мирот, РМ, додаде, се потврди како одговорен члена на меѓународната заедница која обезбедува значаен придонес во градењето на мирот и стабилноста во евроатлантската област и пошироко.
Џафери подвлече дека досегашните постигнувања и резултати на АРМ сами по себе претставуваат обврска за Владата и другите државни институции повеќе да инвестираат во развојот на воените способноси и капацитети на АРМ. Тој предизвик е уште поголем кога процесот на модернизација треба да се направи во услови на економска криза, рече, и се осврна на реформите кои се во тек и ќе следат за опремувањето на АРМ.
– На АРМ на РМ и се неопходни современи оклопни транспртери, радари, транспортни возила, комуникациска опрема, хеликоптери,….. Како МО имаме обврска да ги фокусираме расположивите ресурси кон исполнување на приоритените потреби и користејќи ги меѓуанродните иницијативи за националните ресурси, како што е концептопт на НАТО за паметна опрема, истакна Џафери.
Министерот за одбрана го подвлече и значењето на образованието и обуката за воениот и цивилниот персонал на МО и АРМ, за улогата на Воената академија во тој контекст и соработкаат со другите државни високошколски установи. Се осврна и на потребата од подобрување на станбените услови, на условите за работа и на платите на вработените во одбраната и во АРМ преку реализацијата на проектите на Владата и МО кои ќе придонесат за тоа.
Официјалното чествување на Денот на АРМ на кое присуствуваа претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија, заврши со посна стрелба на 10-те плотуни од 12 артилериски орудија од касарната „Илинден“.