Иванов апелира на почитување, Вељаноски очекува сплотување на политичарите

Од:

Иванов и Вељаноски на божикна литургија во Соборниот храм

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска присуствуваа на централното одбележување на Рождеството Христово-Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан богослужеше Златоустова литургија.

Иванов и Вељаноски по завршувањето на литургијата на граѓаните со православна вероисповед им го честитаа Божик и им посакаа здравје, радост, среќа и личен просперитет.

– На сите што денес го слават големиот христијански празник им го честитам Раѓањето Христово-Божик. На сите им посакувам многу здравје, радост, среќа во текот на целата година. Во духот на нашата традиција посакувам како што сме сплотени за време на празниците така да бидеме целата година, да бидеме меѓу себе солидарни, да си помагаме меѓу себе и да се почитуваме. Христос се роди, рече претседателот Иванов.

На бадниковата вечер кај претседателот Иванов, паричката се паднала во домот.

Претседателот на Собранието, Вељаноски на граѓаните на Република Македонија од православна вероисповед им го честиташе Божик.

Посакувам, истакна Вељаноски, 2013 година да биде и година на сплотеност меѓу граѓаните и политичарите за тоа што така сплотени ќе можеме да ги изодиме сите чекори кои стојат пред патот за нашето интегрирање во Европската унија и НАТО структурите.

– Така сплотени ќе можеме да одолееме на сите искушенија од економски аспект. На сите граѓани на Република Македонија им посакувам многу среќа, здравје и личен просперитет во 2013. Христос се роди, навистина се роди, рече Вељаноски.

Во домот на Вељаноски, пак, паричката се паднала кај неговиот син Филип.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали политичарите ќе можат да се сплотат со оглед на претходните настани, тој рече „мислам дека ќе можат и треба тоа да го направат“.

На литургијата присуствуваа повеќе амбасадори и други личности од јавниот живот во државата.

Претседателот Иванов и претседателот на Собранието, Вељаноски по литургијата присуствуваа на Божикната трпеза која ја организираше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, а се одржа во Кабинетот на архиепископот.

По повод Божик, г.г.Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници упатија божикно послание во кое им посакуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со радосниот и торжествен поздрав – Христос се роди!

Литургии по повод Божик денеска се одржаа во сите православни цркви во земјата и во странство.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

(ВИДЕО) Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Предраг Петровиќ