Италијанскиот амбасадор Ромео во посета на Куманово

Од:

Амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео денеска ја посети општина Куманово каде се сретна со градоначалникот на општината Зоран Дамјановски, со кого разговарале за различни прашања, особено за економски теми со фокус на италијанските инвестиции во општината.

– Во Куманово едни од поголемите инвестиции во минатите десетина години беа италијанските инвестиции, рече по средбата Дамјановски.

Тој истакна дека со амбасадорот Ромео разговарале и за образованието, културата, италијанскиот јазик, кој се изучува во неколку основни и средни училишта, за актуелните случувања во градот, етничките односи, културолошките разлики, како и за евроинтегративните процеси.

– Амбасадорот даде некои свои видувања за она што треба да се прави наредниот период, засилување на демократските процеси, стабилноста, безбедноста, а пред се, економскиот просперитет на државата и општината, изјави Дамјановски.

Амбасадорот Ромео истакна дека ова е негова прва посета на Куманово во чии рамки разговарале за локалните проблеми, италијанските инвестиции – сегашните, но и идните. Во тој контекст најави дека денеска ќе посети италијанска инвестиција во општината, како и гиманзијата во која се изучува италијанскиот јазик.

– Повеќе од 200 ученици во гимназијата го изучуваат италијанскиот јазик, тоа ни е многу драго и сакаме да ја продлабочиме соработката од секоја гледна точка за промовирање на италијанскиот јазик и култура и културната соработка, изјави амбасадорот Ромео.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра