Италија и Полска остануваат оптимисти дека денеска или утре ќе се одобри почеток на преговори

Од:

Амбасадорите на Италија и на Полска во земјава, Карло Ромео и Војчех Тицински остануваат оптимисти дека денеска или утре лидерите на ЕУ ќе одобрат почеток на преговори на земјава, бидејќи, како што велат, Северна Македонија ги исполни сите предуслови за тоа.

– Позицијата на Италија за европската перспектива на вашата земја отсекогаш била јасна – цврсто ја поддржуваме аспирацијата на Северна Македонија да отвори преговори со Европската Унија, што е можно побрзо. Тоа веќе го потврдивме и во јуни минатата година, рече денеска Ромео кој присуствуваше на завршниот настан „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН)“.

Изрази жалење дека она што во моментот е актуелно во Брисел е оти не постои едногласност по тоа прашање кај земјите-членки, но се уште се оптимисти дека на земјава ќе и се одобри почеток на преговори.

– Се надеваме дека ќе најдеме можен компромис. Во секој случај, каква и да биде одлуката, местото на С. Македонија е во Европската Унија, порача италијанскиот амбасадор.

И позицијата на Полска е многу слична со италијанската.

– Од самиот почеток го поддржуваме пристапувањето на Македонија во ЕУ и да започне преговори. Знаеме дека на високо ниво не сите наши пријатели го споделуваат нашето мислење. Но се надеваме дека уште вечерва или утре тие недоразбирања ќе бидат решени и оти ќе се овозможи почетокот на преговорите, изјави полскиот амбасадор Тицински.

Според него, доколку тоа не се случи, останува на Северна Македонија да ја убеди Европската Унија, односно земјите-членки дека се она што било поставено како предуслов е исполнето, со аргуементи да побараат отворање на преговорите.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд