Истражување за тендерските постапки во општина Струга

Од:

Негативен тренд во развојот на општина Струга, покажаа резултатите од истражувањето во рамките на проектот „Мониторинг на трошењето на јавните пари на локално ниво и мониторинг на процесот на децентрализација“ што го спроведе Здружението за развој и активизам „Аква“ од Струга.

Според Диме Голабоски од Здружението „Аква“, генерален заклучок во однос на процесот на децентрализацијата е дека Општината претежно е фокусирана на реализација на нејзините основни функции, а не на развојните компоненти.

– Доколку би користеле бројки средна вредност на перформансите на општина Струга е 2,4 односно ја става во групата на општини кои што се слабо развиени и во групата на рурални општини. Тоа не е случајно, затоа што 70 отсто од населението живее во руралните средини, објаснува Голабоски.

Во вториот дел од истражувањето кое се однесува на јавните набавки на дел од јавните институции во Струга вклучувајќи ја и општината, посебно внимание привлекле тендерите за одржување на депонијата на отпад, асфалтирањето на улиците, набавка на канцелариски материјали, како и обезбедувањето на услуги за обезбедување објекти.

Главната забелешка која произлезе од истражувањето, според Голабоски, е недоволната транспарентност во тендерските постапки.

Би можело да ве интересира

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители

Починато бебе однесено во струшката болница

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете