Истражување „Граѓаните на Република Македонија за корупцијата“

Од:

Научното истражување „Граѓаните на Република Македонија за корупцијата“ од авторите Цане Мојаноски, Марјан Николовски, Марина Малиш Саздовска и Катерина Крстевска Савовска денеска ќе биде промовирано во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Промоцијата на делото е во рамки на Месецот на науката за безбедност на Факултетот за безбедност-Скопје. Покрај авторите, ќе се обрати и министерката за правда Рената Дескоска, продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност – Скопје Марјан Ѓуровски и рецензентот Миодраг Лабовиќ.

– Во рамки на истражувањето преку временската димензија се идентификуваат, анализираат, проценуваат и мерат определени перцепции за несаканите и негативни ефекти и последици од корупцијата, состојбата со јавниот интерес на заедницата и корупцијата, како и со подготвеноста на граѓаните да им овозможат поволности на службените лица, соопшти Факултетот за безбедност-Скопје.

Би можело да ве интересира

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ