Истражна постапка против четири лица за шверц на 100 килограми марихуана наменета за Бугарија

Од:

Обвинителството донесе наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

„По повеќемесечна предистражна постапка, вчера во попладневните часови, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и полициските службеници од ОВР Гостивар беше спроведена координирана полициска акција. Во акцијата е разбиена организирана криминална група и е пресечен канал за меѓународен транспорт и недозволена трговија со дрога. Воедно се запленети околу 100 кг наркотична дрога – марихуана во вкупна вредност од околу 300.000 евра.

Тројцата гостиварци и едно лице од Дебар, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, набавиле наркотична дрога – марихуана и ја сместиле во објект во гостиварско. Во текот на вчерашниот ден, по претходен договор, ја предале на еден од пријавените, кој за одреден паричен надомест требало да ја транспортира дрогата со товарно возило до Р.Бугарија. Околу 17.15 часот, на патарината „Глумово“ при преглед во товарното возило „ман“ со приколка, со дебарски регистарски ознаки, од страна на полициските службеници биле пронајдени 19 црни вреќи со 189 пакувања марихуана. Приведените лица во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка со предлог да им биде изречена мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

ОЈО: Домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ