Истражителите ја анализираат обемната одземена електронска и материјална документација од прилепската болница

Од:

По вчерашните претреси на осум локации во Прилеп обезбедена е целокупна документација за финансиското работење на прилепската болница од 2020 година па до денеска. Сега документацијата ќе се анализира, велат од прилепското Основно јавно обвинителство. Оформен е предмет во фаза на предистрага заедно со Финансовата полиција.

-По претресот кај осомничени лица на осум локации е обезбедена документацијата. Се вршат проверки и на тендерска и на целокупна книговодствена и сметководствена документација. Обезбедена е и електронска и материјална документација како докази, вели основниот јавен обвинител од Прилеп, Стевчо Биноски.

Од Обвинителството, поради пред истрагата, не откриваат за колку осомничени лица станува збор, само дека се повеќе.

Претресите на осумте локации во Прилеп и предистражната постапка се поради сомневања за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување во врска со финансиското работење на општата болница со проширена надлежност од Прилеп, а се анализира документацијата од 2020 година до денеска.

Од Болницата велат дека во моментот работат со деблокирана сметка, а долговите моментално се околу 100 милиони денари што е половината од затекнатата состојба пред повеќе од шест месеци.

Би можело да ве интересира

Бебе старо само осум дена било донесено во болницата во Прилеп без знаци на живот

Уапсен благајникот на прилепската болница за проневара на 250 илјади евра

Голема полициска акција во Прилеп, има сомнеж за криминал во болницата

А1он

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

(ВИДЕО) И на носилки директорката на средното во Демир Хисар во полициска станица – да биде разрешена

А1он

Вработен во прилепската болница украл 35 илјади евра: парите ги вратил, осуден е условно

Катерина Ѓуровски