Истрага за силување на 15-годишно девојче во прилепско

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 21 година, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, на 13 септември, во непосредна близина на мостот пред селото Селце, со употреба на сила и сериозна закана присилил на обљуба 15-годишно девојче. Додека оштетената се враќала од училиштето кон нејзиниот дом, осомничениот ја пресретнал и почнал да ја следи, движејќи се зад неа. Во еден момент се приближил и започнал да ја допира, насилно да ја трга и да ја влече по тревата. И се заканувал да не вика, бидејќи ќе им се случи нешто лошо на нејзините најблиски. Под мостот извршил обљуба врз девојчето, кое постојано се спротивставувало, извести Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп поднел предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.​​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски