Истрага за пронајден хероин во автомобил на автопатот Скопје-Велес

Од:

Кумановец на возраст од 34 години е осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, додека 37-годишна жителка на Свети Николе е под истрага бидејќи му помогнала при изршувањето на кривичното дело, известува Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Велес донeсе Наредба за спроведување истражна постапка против двете лица откако на 15 март, на автопатот Скопје-Велес, наплатна рампа Сопот, полициски службеници откриле 33,82 грама наркотична дрога хероин која првоосомничениот ја држел во просторот за ракофат до возачкото седиште на автомобил „Рено меган“ со штипски регистарски ознаки. Второсомничената со умисла му помогнала така што му го ставила на располагање автомобилот кој бил во формална сопственост на нејзината тетка. Со автомобилот двајцата се упатиле по автопатот, но биле запрени од полициските службеници, при што дрогата била откриена и одземена, соопшти Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека првоосомничениот, доколку биде на слобода, ќе се даде во бегство, ќе го попречува водењето на кривичната постапка со влијание врз помагачот и дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител достави предлог да биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај