Истрага за неовластена трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје

Од:

Против 42-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи постои основано сомнение дека тој сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.

„Откако на точно неутврден датум во текот на месец февруари набавил одредено количество наркотична дрога – марихуана и психотропна супстанција – амфетамин од непознато лице, осомничениот ги препакувал во помали пакувања и ги подготвил за продажба. При преглед на неговиот автомобил, на 28 февруари, полициски службеници откриле вкупно 16,21 грам марихуана и 8,73 грама амфетамин спакувани во повеќе полиетиленски пакувања“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

„Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да го повтори делото“, се додава во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај