Истрага за марихуана пронајдена во автомобил на наплатна станица Сопот

Од:

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 38 години за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– На 14 септември, осомничениот неовластено набавил 489,4 грама наркотична дрога марихуана од две засега непознати лица од Скопје. За дрогата платил 80.000 денари и ја ставил во својот автомобил спакувана во ќеса, по што се упатил кон Велес. На наплатната станица Сопот полициски службеници извршиле проверка на возилото и ја пронашле дрогата, соопшти Обвинителството.

– Бидејќи оцени дека се исполнети законските основи – опасност од бегство можност за влијание во постапката и можност за повторување на постапката, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се додава во соопштението на Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски