Истрага за хероин пронајден кај патник во автомобил на наплатната станица Сопот

Од:

Основното јавно обвинителство Велес извести дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен велешанец поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот на 20 јули неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во количина од 26,76 грама. Дрогата ја купил од Скопје по што со автомобил управуван од негов пријател се враќал кон Велес, движејќи се по автопатот А1. На наплатната станица Сопот овластени полициски службеници од СВР Велес го сопреле возилото и констатирале дека наркотичната дрога ја држи во џебот, соопшти Обвинителството.

– Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство и да ја попречува истражната постапка со влијание врз сведокот како и основан страв дека може да го повтори делото, Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, велат од Обвинителство.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај