Истрага за дилери на дрога и амфетамин

Од:

Постапувајќи по поднесена пријава од МВР – СВР Скопје Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе четири одвоени наредби за спроведување истражна постапка против лица осомничени за кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„Двајца од осомничените се товарат за продолжено извршување на наведеното кривично дело, еден за соизвршителство и еден за помагање при извршувањето на делото.

Во периодот од средината на ноември до средината на овој месец, двајцата осомничени со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. На различни локации во Скопје, на повеќе различни лица тие им продавале наркотична дрога – марихуана, кокаин, хашиш и психотропна супстанција – амфетамин“, велат од Обвинителството.

„За првиот осомничен постои основано сомнение дека во девет потврдени наврати неовластено продал 48,59 грама марихуана и 845,1 грам амфетамин, додека за вториот осомничен обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека во три наврати продал вкупно – 16,86 грама марихуана, 0,65 грама кокаин, 0,23 грама хашиш и 5,14 грама амфетамин. Притоа, во една од продажбите им помогнал четвртиот осомничен.

На 25 декември, во атарот на селото Катланово, двајцата првоосомничени, заедно со третиот осомничен организирале меѓусебна продажба на над 7 килограми амфетамин за сума од 15.000 евра. При полициска акција, координирана од надлежниот јавен обвинител, осомничените биле затекнати и се обиделе да избегаат. Сепак, полициските службеници ги лишија од слобода тројцата осомничени, а психотропната супстанција ја запленија.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени“, соопштуваат од Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ