А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Истрага против прилепчанец за неовластено пуштање во промет наркотични дроги

by А1он20/09/2019 - 12:09331
Share0

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 39 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Осомничениот на 30 август, од лице од Тетово купил наркотична дрога – 20, 4 грама хероин и 1,23 грама кокаин. Количината, цената и местото на предавање на дрогата ги договориле телефонски. Кога тетовецот со автомобил Пежо 207 тргнал од Тетово за Прилеп, каде на договореното место требало да му ја предаде наркотичната дрога на осомничениот, на влезот од селото Дебреште возилото било сопрено од овластени службени лица на МВР-ПС Прилеп. При извршениот преглед кај него била пронајдена наркотичната дрога во долната облека. Основното јавно обвинителство Прилеп веќе има отворено истражна постапка против лицето од Тетово кај кое била пронајдена дрогата и тој се наоѓа во куќен притвор.

На 10 септември во вечерните часови, откако претходно телефонски се договорил со лице од Скопје, осомничениот на неутврдена локација неовластено му продал 95 шишенца од по 10 милиграми психотропна супстанца – метадон за сума од 400 денари за шишенце“, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Прилеп.

Против осомничениот прилепчанец надлежниот јавен обвинител поднел Предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, ценејќи дека се исполнети сите законски основи. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.

Следете a1on на Youtube YouTube
droga

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он21/08/2026 - 17:1721/08/2026 - 17:02

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ14/08/2026 - 21:4514/08/2026 - 22:14

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Горан Наумовски14/08/2026 - 15:24

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Горан Наумовски06/08/2026 - 06:54

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски16/07/2026 - 10:3416/07/2026 - 10:37

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он13/07/2026 - 10:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео