Истрага против лице кое криело марихуана во дворот на сосетката

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 27 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот неовластено заради продажба држел марихуана, со вкупна нето маса од 1.512,2 грама.

– Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања завиткани со проѕирна фолија, а осомничениот ги чувал скриени во дворот на негова сосетка во Ѓорче Петров. Извршувајќи работи во дворот, сосетката ја пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана, се наведува во соопштението.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје доставил и предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски