Истрага против две лица за недозволено поседување оружје и муниција

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени за кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– На 16 мај, во автомобил БМВ со скопски регистарски ознаки, осомничените на возраст од 35 и 34 години, заеднички неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција – три пиштоли марка „Црвена застава М57“ со соодветни рамки и 21 куршум, извести Обвинителството.

Оружјето и муницијата биле пронајдени при претрес на автомобилот на улицата „Кичевска“, во ќеса пред предното совозачко седиште. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, оценувајќи дека во целост се исполнети законските основи, додаваат од Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски