Истрага против дилер на марихуана од Скопје

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, на 16 февруари, при претрес во домот на осомничениот 41-годишник на улицата „Загрепска“, полицијата пронашла 132,4 грама марихуана, како и повеќе исушени, искршени и деумно соголени гранчиња од растението канабис. Исто така, пронајдена е и дигитална вага со остатоци од кокаин.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор спрема осомничениот. Судот, ценејќи ги околностите, донесе решение со кое на осомничениот му определи мерка куќен притвор.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај