• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Истрага против 11 лица за фалсификување пари

by А1он11/06/2018 - 14:51127
Share0

Основното јавно обвинителство – Велес донесе наредба за спроведување истрага против 11 лица за фалсификување пари, кои потоа ги пуштиле во оптек во Кавадарци. Меѓу нив има и банкарски службеници, кои иако знаеле дека парите се фалш, доволиле трансакции со нив. На седуммина од осомничените им се става на товар дека сториле кривично дело фалсификување пари од чл. 268, а четворица се товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од чл. 353 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

Како што информира Обвинителството, во периодот од април до мај годинава едно од пријавените лица набавило 696 лажни банкноти во апоени од по 50 американски долари, кои видно се разликувале по повеќе обележја од оригиналните банкноти. 137 лажни банкноти осомничениот ги разменил во денари во експозитура на банка во Кавадарци, а потоа искористувајќи ги своите роднински и пријателски врски, сукцесивно во повеќе наврати дал уште вкупно 559 лажни банкноти на лица што во неколку наврати ги продале во банката.

За дел од банкнотите на продавачите не им биле исплатувани пари во денарска противвредност, туку биле извршени трансакции со кои тие ги префрлувале парите од нивно име како заем на сметките на фирмите во сопственост на првоосомничениот и неговото семејство.
Во исто време шалтерските работници во банката извршиле прием на лажните банкноти и притоа не направиле рачна и машинска проверка на бројната точност и автентичност на банкнотите во согласност со банкарските правила и по одобрение од раководителот и заменик-раководителот во банката исплатиле денари во соодветна противвредност. Со неизвршување на своите службени овластувања банкарските службеници ја оштетиле банката исплатувајќи вкупен паричен износ од 1.727.545,00 денари.

Во текот на вчерашниот ден осомничените лица се сослушани од страна на јавен обвинител. Имајќи предвид дека постојат особени околности што укажуваат на опасност од бегство и страв од повторување на кривичното дело, како и влијание врз сведоците што ќе бидат сослушувани во наредниот период, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот, а за другите осомничени достави предлог за определување други мерки за обезбедување. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на првоосомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

mvr

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Горан Наумовски27/01/2026 - 16:49

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:23

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски26/01/2026 - 09:4426/01/2026 - 10:06

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:59

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он20/01/2026 - 15:3820/01/2026 - 15:38

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен