А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Истрага и притвор за лице за учество во странска војска

by А1он28/02/2020 - 14:08225
Share0

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.

Добивај вести на вибер

Според соопштението на ОГОКК, на почеток на месец ноември минатата година, осомничениот, со намера да учествува и да се обучува од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации во Сирија, ја напуштил територијата на нашата држава со автобус и заминал за Турција.

-Во текот на патувањето остварувал контакти со македонски државјани, истакнати приврзаници на радикален ислам, кои се наоѓале во кризните подрачја на Сирија и кои му помогнале со контакти со лица од Р.Турција што ќе му овозможат префрлање во Сирија. При обид во воено забранетата зона илегално да ја премине границата на Р.Турција и да влезе на сиријска територија бил спречен и фатен од страна на турските власти. При легитимирање дал лажен идентитет на државјанин на Р. Италија, информираат од ОГОКК.

По пат на меѓународна соработка со Република Турција, како што се истакнува во соопштението на ОГООК, осомничениот е екстрадиран во С.Македонија и изведен пред судија на претходна постапка. Поради постоење на основите предвидени во Законот за кривична постапка по предлог на надлежен обвинител на осомниченото лице му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

krivicna

Би можело да ве интересира

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

Горан Наумовски28/02/2025 - 13:22

МВР најави кривична за шверцер на брендирана облека

Горан Наумовски17/02/2025 - 11:11

МВР: Кривична за началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:38

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски10/05/2024 - 14:0810/05/2024 - 14:53

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он03/05/2024 - 14:0803/05/2024 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен