Истрага и притвор за дилер на дрога од Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– Полициски службеници вчера извршиле претрес во станот во кој престојувал осомничениот на булеварот „АСНОМ“ во Скопје и откриле дека тој неовластено за продажба држел 1.713,87 грама марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана, кокаин и амфетамин, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи, како што велато од ЈО, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да го повтори делото.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват