Историско полувреме за светот, македонските гледачи добија реклами и катастрофален пренос

Од:

Финалето на Светското првенство во фудбал отсекогаш било повеќе од спортски натпревар. Тоа е глобален телевизиски настан што го следат стотици милиони луѓе, а секој негов сегмент е внимателно осмислен за да стане дел од историјата. Годинава, ФИФА направи уште еден исчекор, воведувајќи официјално музичко шоу на полувремето, инспирирано од спектаклот што со децении го гледаат љубителите на американскиот Супербоул.

Додека гледачите во голем дел од светот имаа можност да го проследат долго најавуваниот настап на светски музички ѕвезди, дел од македонската публика остана без тој дел од програмата. Наместо спектаклот, на телевизиските екрани се емитуваше рекламен блок. И целосно беше прескокнат првиот настап на Мадона кој беше долго најавуван од сите светски медиуми. Ние добивме делче од настапот на Џастин Бибер, па настап на Шакира. Без глас.

Прашањето што се поставува не е дали телевизијата има право да емитува реклами. Дилемата е дали токму историскиот момент, кој беше најавуван со месеци како ново поглавје во историјата на Светските првенства, беше вистинското време гледачите да останат без содржината што ја очекуваа.

Во време кога телевизиските права за големите спортски настани достигнуваат рекордни износи, очекувањата на публиката се исто така сè поголеми. Гледачите повеќе не очекуваат само директен пренос од натпреварот. Тие очекуваат целосно телевизиско искуство и драма – атмосферата пред натпреварот, анализите, интервјуата и, во овој случај, историското шоу на полувремето кое ФИФА го претстави како дел од самиот спектакл.

Ако на ова се додаде и катастрофалниот пренос на финалето на Светското првенство, со двојни гласови, без атмосфера од трибините и теренот, со прекини на тонот тогаш најдобро е Арена да се врати на оние што знаеа да ја работат по сите норми и стандарди, без да имаат некогаш проблеми, без коментирање за африканските фудбалери дека доаѓаат од „црниот континент“ како што можеше да се слушне во текот на изминатите 30 дена и без многу прози и поезии и „мудрувања“ во преносите како од осумдесеттите години.

Ист пропуст имаше и на отворањето на Светското првенство, настапот на Шакира не беше ниту даден воопшто, а беше заменет со разговори во студио. Фудбалот и спортот во денешно време не се само резултат и игра, тие се спектакл кој заслужува да се следи од почеток до крај.

Коментаторите на почетокот на второто полувреме изјавија дека се свесни дека се соочуваат со одредени технички проблеми, дека не знаат на што се должат истите и дека добиваат бројни поплаки од граѓаните, кои „ќе ги прочитале подоцна“. Тие изјавија дека ќе се обидат „помалку да зборуваат“.

Би можело да ве интересира

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува

А1он

ВИДЕО: Хаос во Аргентина по поразот во финалето, најмалку 15 уапсени

ВИДЕО: Не ги сака Шпанците, ама Трамп не можеа да го тргнат од бината при прославата на титулата

Шпанија е нов светски шампион! Во финалето ја совлада немоќната Аргентина по продолженија

Предраг Петровиќ

Историски премии на Мундијалот: Победникот добива чек од 50 милиони долари

Англија го освои бронзениот медал на Светското првенство по спектаклот од десет гола

Горан Наумовски