ВИДЕО: Мадона со хеликоптери пристигна во манастирот на Метеори, барала духовни совети

Од:

Американската пејачка и „кралица на попот“ Мадона го посети манастирот Варлам на Метеори во Грција, каде што поминала околу три часа и од игуменот на манастирот, отец Бенедикт, побарала духовни совети.

Мадона во петокот пристигнала на Метеори од Крф, каде што престојува на одмор, во друштво на својот син и уште околу 12 лица. Според информациите на грчките медиуми, групата пристигнала со два хеликоптери, објави „Прототема“.

Во манастирот Варлам, кој во моментот на нејзината посета веќе бил затворен за јавноста, Мадона била пречекана од монасите, кои специјално го отвориле комплексот за нејзиниот престој.

Пејачката на Метеори поминала околу три часа, од 16 до 19 часот по локално време, а манастирот го разгледала во придружба на двајца водичи.

Според грчките медиуми, Мадона била многу срдечна, но настојувала нејзината посета да помине дискретно и без големо внимание од јавноста.

На фотографиите од посетата се гледа дека била облечена во бело.

Посебен дел од посетата бил средбата со игуменот на манастирот Варлам, отец Бенедикт, која, според еден од монасите, имала изразито личен и духовен карактер.

За време на разговорот со 49-годишниот игумен, Мадона покажала посебен интерес за духовни прашања и од него побарала „духовни совети“.

Според истиот монах, пејачката го прашала игуменот и за бројаницата што ја држел во раката.

По посетата на Метеори, Мадона се вратила на Крф, каде што го продолжува одморот во Грција и каде најверојатно ќе го прослави својот 68 роденден.

Би можело да ве интересира

Итно огласување на Ава Карабатиќ по вестите дека се фрлила од тераса: „Добра сум…“

Предраг Петровиќ

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Го прашала ChatGPT за лек, го следела советот и починала: Родителите ја тужат компанијата OpenAI

Предраг Петровиќ

KORPA ПРВА ОНЛАЈН ПЛАТФОРМА ВО МАКЕДОНИЈА КOJA ВОВЕДЕ ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ APPLE PAY И GOOGLE PAY

Предраг Петровиќ

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра

Рајан Гослинг го оживува рок-бендот по 17 години пауза