Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Од:

Обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија источниот регион од земјава, предизвикаа поплавување на простории и дворови во повеќе објекти на различни локации во општина Чешиново – Облешево и околните села, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.

Според податоците добиени од градоначалникот на Општината, Далибор Ангелов, директорот на ЦУК информира дека локалната самоуправа е активно ангажирана на терен со сите расположливи ресурси.

– Во интервенциите учествуваат и ТППЕ Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и РЦУК – Кочани. Побарана е и дополнителна материјално-техничка поддршка, особено за испумпување вода од поплавените објекти, вели директорот на ЦУК.

Али додава дека реките Брегалница и Кочанска река имаат значително зголемен водостој, додека на одредени локации во општините Штип и Чешиново – Облешево е забележано нивно излевање од коритата.

– Како последица на врнежите, утрово се појавија свлечишта на експресниот пат Радовиш – Штип и на патниот правец Злетово – брана Кнежево. За настаните од страна на ЦУК веднаш беше информирано ЈП Македонија пат, чии екипи излегоа на терен и интервенираа соодветно, наведува Али.

Тој додава дека е забележано лизгање на земјиште во село Липково, кај место викано Кисела Вода. За овој случај, вели, Општина Липково веќе информирала дека располага со ограничени ресурси за интервенции од ваков тип, поради што, побарала да се вклучат државните институции во санирање на свлечиштето.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен