Источниот плански регион тапка во место со изградбата на интегриран систем за управување со отпадот

Од:

Интегриран пристап во решавањето на проблемите со животната средина, особено во управувањето со цврстиот отпадот, како еден од условите за приближување на Република Македонија кон ЕУ во однос на прашањето за заштита на животната средина, ја наметна потребата од воспоставување интегрирани системи за регионално управување со цврст отпад во Република Македонија.

Додека Југоисточниот плански регион влезе во завршната фаза на реализацијата на проектот за воспоставување на интегриран систем за регионално управување со отпадот, Источниот плански регион тапка во место.

Причините за застој во реализацијата на овој проект во Источниот плански регион ја лоцираат во изборот на постапката за изградба на регионалните депонии. Додека Југоисточниот плански регион се одлучи за изградба на регионална депонија преку концесија, Источниот плански регион се одлучи депонијата да ја гради со средства од ИПА-фондовите за регионален развој.
„Избран е идниот концесионер што ќе управува со регионалната депонија. Се работи за австриска компанија АСА Интернешенал, а во тек се преговорите за одредени прашања, како што намалување на цената, подобри услуги на граѓаните, што значи дека за неколку месеци треба да биде склучен и договорот за концесија“, изјави Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Источниот плански регион речиси година и половина се наоѓа во втората фаза, која предвидува изработка на план за изградба на регионална депонија и покрај тоа што од Европската комисија за засилување на капацитетите за управување со отпадот се издвоени 1,4 милиони евра за изработка на регионалните планови за депонии во Источниот и во Североисточниот регион.

„Ние како Источен плански регион веќе имаме започнато со постапката за изработка на планската документација за регионално управување со отпадот. Сè уште не можам да ја наречам депонија, бидејќи студијата и документацијата ќе кажат на кој начин ќе се управува со отпадот во нашиот плански регион. Консултантите веќе започнаа со работа. По комплетирањето на документацијата ќе видиме кои се следните чекори што ние треба да ги преземеме“, изјави Тони Тонев, градоначалник на општина Пробиштип и претседател на Регионалниот одбор за проектот „Регионална депонија“, кој беше формиран од страна на 11-те градоначалници од Источниот регион.

Источниот плански регион влезе во втората фаза од овој проект во март минатата година, а според претседателот на регионалниот одбор, целосната студија и документација, како и определувањето на локацијата за депонијата треба да биде завршено за 18 месеци, што би значело и затворање на втората фаза од овој проект.

Моменталната состојба и идните активности што треба да бидат преземени за изградба на регионалните депонии се една од точките за кои ќе се разговара на Дваесеттото собрание на градоначалници од Брегалничко- струмичкиот регион, кое се одржува денес во Општина Штип.

Според динамиката со која се одвива проектот за регионална депонија во Источниот регион, првичната проценка за завршување на овој проект до 2015 година почнува да изгледа нереално.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Убиство во Штип: 74-годишен маж со нож уби жена и телото го закопа во двор

Горан Наумовски

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица