Двајца со автомобил ноќеска растурале партиски флаери во селото Дебреше и биле нападнати од трето лице кое ги забележало.
Рано утринава, пред да започне гласањето, две лица возејќи со автомобил растурале партиски флаери и биле нападнати од трето лице. Овој инцидент е пријавен во Полициското одделение Галате каде дошол претседателот на месната заедница од селото Дебреше и пријавил кршење на предизборен молк од страна на две лица од истото село. Од настанатите повреди едно од лицата кои делеле пропаганден материјал е пренесен во Ургентен центар -Гостивар.
Сите инволвирани во моментот се во ПО Галате. Се работи на расчистување и документирање на случајот.
„За овие настани, како и за сите останати информации и известувања кои евентуално би пристигнале во обвинителствата, надлежните јавни обвинители, како и Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности, итно и со приоритет во работењето ќе ги преземат сите потребни дејствија за расчистување на настаните“, инфорираат од Обвинителството.
До овој момент, од почетокот на гласањето во Основните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса [email protected] нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање.
Во текот на ноќта и предизборните денови пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања не се утврдени елементи на сторени кривични дела за кои гонењето се презема по службена должности и кои се предвидени во Глава 16 од Кривичниот законик. За останатите известувања, јавните обвинители преземаат дејствија во предистражна постапка за да се утврди постоењето на кривичното дело и сторителот.