Истекува рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори

Од:

На полноќ завршува рокот за поднесување листи на кандидати за градоначалници и за членови на совети за претстојните локални избори.

Постои можност овој рок да се пролонгира доколку владејачките партии и опозицијата постигнат договор за одложување за неколку дена на доставувањето на кандидатските листи. Врз основа на член 15 став 3 од Изборниот законик, роковите за спроведување на изборните дејствија од ставот (2) со роковниот ги утврдува Државната изборна комисија.

Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до Општинските изборни комисии, додека листите за кандидатите за советници и за градоначалник на Скопје се доставуваат до Изборната комисија на Градот Скопје.

На изборите ќе учествуваат 29 независни кандидати, а потписи беа собрани за 95 независни советнички листи.

Локалните избори во Македонија се закажани за 24 март. Опозицијата бара нивно одложување за еден месец, додека владејачката партија прифаќа пролонгирање на рокот за доставување на кандидатските листи, но не и на изборите.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември