Испразнети четири училишта поради нови дојави за бомби, полицијата ги пребарува, учениците дома

Од:

Денеска (04.11.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на четири (до овој момент) училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Меѓу училиштата каде што е добиена закана за наводно поставена бомба е и гимназијата „Никола Карев“ во скопски Карпош.

Улицата која минува крај гимназијата е затворена од полицијата за сообраќај, а училиштето е испразнето.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се рачни бомби во село Боговиње

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

МВР: Двајца малолетници праќале лажни закани за бомби во училишта

Горан Наумовски

Сите дојави за бомби во училиштата се лажни

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски