Испрати писмо за оставка на Тодоров

Од:

На страната „Оставка на Тодоров“, се повикуваат граѓаните да упатат писмо до министерот за да си поднесе оставка, и со тоа, како што пишува, да ја оттргне дамката од него и од неговата политичка кариера.
Еве што стои во повикот:

Поттикнати од вашиот интерес за граѓанска акција и желбата да го забрзаме процесот на заминување на министерот кој е директно вмешан во тешката загуба на малата Тамара, Ве повикуваме СИТЕ ЗАЕДНО да му го доставиме ова писмо лично на министерот со кое го повикуваме да си даде оставка.Во прилог на ова писмо е и службениот е-маил на кабинетот на министерот на кој и ќе му го испраќаме писмото

[email protected]

(поточно на шефот на кабинетот на Тодоров бидејќи иститот го има тргнато својот е-маил од сајтот).

Ова е само првиот чекор во граѓанската иницијатива за оставка на министерот Тодоров. Доколку истата не вроди со плод, следниот чекор е организација на мирен граѓански протест пред Министерството за здравство на Република Македонија.

Ние веќе го сторивме тоа!

Ајде сите заедно да му помогнеме да замине.todorov-ostavka 1
Во писмото кое треба да го испратат граѓаните пишува:

Вие немате ни ден искуство во здравството, сте учеле право, кое со медицината нема допирна точка, а на доктори им кажувате како се оперира.

Не сакаме да веруваме дека за вас и вашата Влада, поважни се милионите кои ги давате за фасади, виенски тркала и рингишпили, отколку животот на најмалите луѓе. Не сакаме да веруваме дека ви е поважна функцијата од моралот, од одговорноста од човечноста.

Ве повикуваме да покажете дека сепак сте повеќе човек и родител, отколку министер.
todorov-ostavka-pismo

Би можело да ве интересира

Тодоров до Мицкоски: Додека јас се борев против Заев, ти градеше хидроцентрали – оди си

Кристијан Ландов

„Друже Лаки, ги поебавме во задња минута“, му вели по полноќ Тодоров на Латас

Наум Локоски

Тодоров-Хан: Да запрат заканите кон оние кои не мислат како раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Никола Тодоров ќе гласа на референдумот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Судот ќе бара потврда дали лицата кои го вештачеле дедото на Тамара имале лиценци

Наум Локоски

ОЈО поднесе обвинение против лицето кое што пукаше во Тодоров

Наум Локоски