Испораката на топлинска енергија во централниот дел на Скопје и делови од општина Карпош нормализирано

Од:

Eкипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи повторно ја воспоставија испораката на топлинска енергија за потрошувачите во централното градско подрачје и делови од општина Карпош. Потрошувачите од овие делови на Скопје постепено, во текот на вечерва добиваат нормална испорака на топлинска енергија.

Имајќи предвид дека се работи за поголем дефект во топлинската мрежа, екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи ќе останат на терен и во текот на ноќта и ќе работат на целосно отстранување на дефектот со цел да се обезбеди редовно и стабилно снабдување во системот на топлинска енергија, соопштуваат од компанијата.

Би можело да ве интересира

Во септември ќе се знае цената на парното

Катерина Ѓуровски

ЕСМ ќе го отстрани опожарениот топловод на мостот Беласица во најкраток можен рок

Орце Костов

ЕСМ во следните 10 години ќе ги снабдува скопјани со парно греење

Орце Костов

Завршува грејната сезона и кризната состојба во енергетиката

Граѓани од населба Автокоманда повторно на протест, незадоволни се од новиот снабдувач со топлинска енергија

Ана Ололовска

ЕСМ: Греењето во Скопје ќе биде исто за сите потрошувачи , од 6 до 22 часот