Исполнети условите за спречување интрахоспитални инфекции на Пластична хирургија

Од:

Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија е целосно реновирана. Комплетно е обновен хируршкиот инструментариум, апаратурата за електро хирургија, неуростимулација и друга специфична апаратура. Од Министерството за здравство соопштија дека со ова, исполнети се сите услови за спречување на интрахоспитални инфекции согласно стандардите на Светската здравствена организација.

„Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи. Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија е една од тие институции, каде менаџерскиот тим веднаш почна со реновирање и овозможување подобар третман за пациентите. За многу краток период направивме вистински пресврт во јавното здравство. Како никогаш досега инвестиравме во инфраструктура, нова медицинска опрема и вложување во човечкиот капитал. Вакво зголемување на платите како сега немало никогаш во земјава.  Горд сум што здравствените работници се мотивирани за работа. Само преку зголемување на платите и подобрување на условите за работа можеме да ги задржиме во нашата земја“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски